logo
logo
logo

Владата објави итни контакти за помош АКО СТЕ ВО КАТАР, ОАЕ, КУВАЈТ ИЛИ БАХРЕИН

Vecer | 01.03.2026

Владата објави итни контакти за помош АКО СТЕ ВО КАТАР, ОАЕ, КУВАЈТ ИЛИ БАХРЕИН

Поради актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат во Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Бахреин да бидат внимателни и редовно да ги следат официјалните информации.

Од Владата информираат дека граѓаните треба строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции во земјите домаќини.

Надлежното министерство посочува дека ситуацијата се следи континуирано и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите релевантни случувања.

Воедно, македонските државјани кои имаат потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти:

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха📞 +974 50 173 111✉️ [email protected]

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби📞 +971 56 441 7532✉️ [email protected]

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија📞 +389 75 273 732 / +389 75 268 736✉️ [email protected]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk