logo
logo
logo

Доста им е на струмичани од локалните шерифи и тепачи на СДС, граѓаните сакаат вистински промени! порачува ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 29.09.2025

Доста им е на струмичани од локалните шерифи и тепачи на СДС, граѓаните сакаат вистински промени! порачува ВМРО-ДПМНЕ

Поразот на СДСМ во Струмица е сè поизвесен и посигурен. Листата за советници во Струмица е полна со силеџии кои крвнички тепаат граѓани по улици, станаа брендингот и понудата на СДСМ на овие избори, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Сигурниот пораз ја извади на површина целата паника на СДСМ и губењето контрола на нивните локални шерифи. Не само што немаат друга понуда освен насилство, туку СДС се и во тотална паника од поразот во општина Струмица кој им следи на изборите на 19 октомври“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека во СДСМ се свесни дека сите криминали кои ги правеле со години ќе се откријат, па затоа во Струмица шират страв и паника меѓу жителите.

„Во недостиг на квалитетни и чесни кадри, СДС нудат луѓе кои се со сомнително минато, полни со кривични пријави, насилници и силеџии. Пред само недела дена, цела македонска јавност го виде видеото на кое кандидати за советници на СДС за Советот во Струмица, крвнички тепаат турист од странство. Ова повеќе не смее да биде сликата за Струмица и за вакви насилници не смее да има место во Струмица, посебно не во општинската администрација. Доста им е на струмичани од локалните шерифи и тепачи на СДС, граѓаните сакаат вистински промени! На Струмица и треба вистински избор“, порачува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk