logo
logo
logo

ТРАЈАНОВСКИ ЛЕТОТО ГО ПОМИНА СО ФИЛИПЧЕ НА ЈАХТАТА НА ЗАЕВ ВО ГРЦИЈА

Vecer | 14.11.2025

ТРАЈАНОВСКИ ЛЕТОТО ГО ПОМИНА СО ФИЛИПЧЕ НА ЈАХТАТА НА ЗАЕВ ВО ГРЦИЈА

Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС, е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче, сите тројца летото го поминаа на скапата јахта на Заев. Венко Филипче како верен послушник на Заев, го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда., велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на СДС од страна на Филипче, е еклатантен пример за тоа дека Зоран Заев сè уште ја води партијата во сенка.

Да се потсетиме, овие тројца заедно ги поминаа летните денови на скапите плажи во Грција, на скапата јахта на Зоран Заев, уживајќи во парите кои Заев и Филипче ги испокрадоа од државата со што ги осиромашија граѓаните, кои преживуваа со едвај 150 денари на ден.

Венко Филипче не го интересира напредокот на СДС, затоа и го поставува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, човек кој ги загуби изборите во Аеродром токму како нивен кандидат. Во недостиг на вистински кадри и луѓе кои и мислат добро на СДС, Филипче става луѓе кои се блиски до него и Зоран Заев. Реформите кои ги најави Филипче во СДС, мора да почнат со неговата оставка. Срамно е до каде ја доведе некогаш големата СДС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk