logo
logo
logo

Фатмир Дехари пуштен низ вода?

„НЕЗАВИСНИОТ“ ШКОДРАН АЛИЛИ ГУШНАТ СО АЛИ АХМЕТИ ПОРАЧА: Албанците во Кичево имаат само еден противник, кандидатот на ВМРО! (ВИДЕО)

Vecer | 10.10.2025

„НЕЗАВИСНИОТ“ ШКОДРАН АЛИЛИ ГУШНАТ СО АЛИ АХМЕТИ ПОРАЧА: Албанците во Кичево имаат само еден противник, кандидатот на ВМРО! (ВИДЕО)

Доктор, министер, професор, адвокат кој ќе го води Кичево во следните четири години?

Крајно неизвесна изборна трка се очекува во овој дел од Македонија – дали Фатмир Дехари од ДУИ ќе добие четврт мандат или во општината ќе влезе нов свеж кадар.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го предложија, Александар Јовановски – матичен доктор од Кичево кој за себе вели дека е човек кој се залага за заедништво, а тоа како што вели го покажува и со личен пример – во среќен брак е со албанка со која има три дечиња. Јовановски порачува дека доста е од поделби и национализам, оти сите плачеме на ист јазик, сите исто не боли, сите исто се радуваме.

Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува чистење на депонијата што им е среде град, како и изградба на претоварна станица. Вели ќе работел на подобрување на инфраструктурата, културата, проблемот со кучињата скитници..

„Како горливо прашање мое , кое многу ме боли, со години веќе низ мојата пракса, најитно што можам ќе отворам центри за згрижување на деца со посебни потреби и исто така на возрасни кои патат од деменција и алцхајмер за да им ослесниме на нивните семејства во секојдневното функционирање, а нормално на дечињата да им пружиме особено она што им е потребно за да постигнат едно ниво на развој каде што ќе можат да бидат само одржливи“, вели Александар Јовановски – кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата

СДСМ немаат кандидат за градоначалник на Кичево, но според неофицијални инфомации на Алфа, се поизвесно е дека социјал-демократските гласачи довербата ќе му ја дадат на Јовановски. Но на социјалните мрежи голем број колеги на Јовановски, кои членови или симпатизери на СДСМ јавно му даваат поддршка.

Во трката влегува и сегашниот градоначалник на Кичево- Фатмир Дехари од редовите на ДУИ. Човекот кој 12 години раководи со општината сега нуди решение на проблемите за истата.

„Ќе продолжиме со иста транспарентност, но и со уште поголема храброст, да го изградиме нашиот град како функционален, модерен град, со современа инфраструктура, хигиена, чистота,нови канализации и сите оние потреби што му се неопходни на секој граѓанин. Ќе продолжиме како институција да се грижиме за сите што имаат потреба од поддршка“, вели Фатмир Дехари – кандидат за градоначалник од ДУИ

И неговиот поранешен сопартиец, а сегашен министер за социјална политика Фатмир Лимани, влегува во борбата за градоначалник, поддржан од коалцијата ВРЕДИ. Тој ветува дека Кичево ќе го направи подобро место за живеење. Меѓу приоритетите ќе му била градската болница.

„Во изминатите децении никој не успеа да ја заврши — ниту еден претседател, ниту еден државник, ниту еден министер, ниту еден градоначалник. И јас од тука се обврзувам: заедно со вас, заедно со моите соработници и со сите советници, ќе го реализираме овој проект — затоа што поинаку не смее. Во спротивно, сите ние би требало да го напуштиме ова место“, вели Фатмир Лимани – кандидат за градоначалник од ВРЕДИ.

И Шкодран Алили е еден од четворицата кои сакаат да ја роководат општината.

Тој тврди дека е независен кандидат – вели дека Кичево има потреба од промени, и дека ќе побара поддршка од партијата ДУИ и од коалицијата Вреди. Адвокатот Алили важи за познат кичевчанец – дел од јавноста го класифицира како човек близок на ДУИ, но Алили тоа го демантира.

Но, по средбата на кандидатите за градоначалници на Кичево, Фатмир Дехари (ДУИ) и Шкодран Алили (Независен), кратко видео од средбата, на која е присутен и Али Ахмети, на својот ФБ профил објави кандидатот Шкодран Алили со една единствена порака:

-Албанците во Кичево имаат само еден противник, кандидатот на ВМРО!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk