logo
logo
logo

Полицаец од Чаир ќе одговара за „несовесно работење“ Потпишал и подигнал 11 лични карти кои не стигнале до сопствениците

Vecer | 01.09.2025

Полицаец од Чаир ќе одговара за „несовесно работење“ Потпишал и подигнал 11 лични карти кои не стигнале до сопствениците

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Д.С., полицаец во Полициската станица Чаир, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, пријавениот полициски службеник во просториите на Одделението за управни работи во Скопје потпишал и подигнал 11 лични карти и извештај за скенирани лични карти за жители од подрачјето на ПО Мирковци, Општина Чучер Сандево.

Тој не ги доставил документите до полициската станица во Мирковци, ниту пак пријавил дека тие недостасуваат. Со тоа на граѓаните им било ограничено правото навремено да ги подигнат личните карти, а им била нанесена и материјална штета.

Против полицискиот службеник ќе биде поведена и дисциплинска постапка. Тој ќе биде суспендиран до нејзино завршување, а како мерка му се одземаат службеното оружје и муницијата, информираше МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk