logo
logo
logo

ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН НАСТАНАЛ ОД УДАР НА ГРОМ?

Vecer | 13.08.2025

ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН НАСТАНАЛ ОД УДАР НА ГРОМ?

Пожарот во ловиштето Јасен е делумно под контрола, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во Ловиштето.

Веќе неколку дена вработените во Дирекцијата за заштита и спасување, припадниците на специјалните единици во МВР, но и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија во Јасен.

Фото: Влада
Фото: Влада

– Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако сѐ уште во позадина има огромни јазици на пламен, дејствуваат и воздухопловите, дејствуваат и ер тракторите заедно со хеликоптерите. Се надевам дека во најскоро време и овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола. Во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имавме околу 34 активни пожари, од кои 33 се изгаснати. Денеска немаме други активни пожари, но ситуацијата се менува од минута во минута – изјави Мицкоски.

Тој се заблагодари до сите оние кои што успешно се справуваат со огнените стихии.

– Се надевам дека ќе дојде крајот на овие огнени стихии, апелирам на однесување какво што треба во рамки на движењето по шуми, иако тоа е забрането. Од очевидци можам да кажам дека оваа огнена стихија е настаната од удар на гром според тоа што го слушнавме овде – рече Мицкоски и додаде дека борбата со огнената стихија во ловиштето Јасен продолжува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk