logo
logo
logo

Алиу: Лекарската комора ме извести дека е истечена лиценцата на доктор Кузмановски

Vecer | 13.10.2025

Алиу: Лекарската комора ме извести дека е истечена лиценцата на доктор Кузмановски

Во телефонскиот разговор со Лекарската комора известен сум дека му е истечена лиценцата на доктор Игор Кузмановски. Прашањето е дали таа ќе се продолжи, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Кузмановски на 10 октомври е разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи.

– За продолжувањето и издавањето на лиценци е надлежна Лекарската комора. Ќе чекаме од нив информација. Бараме детален извештај за неговата работата кој ќе биде проверен од МојТермин со Клиниката заедно со директорот, ќе биде проверено до кое ниво, каков тип пациенти има прегледано, кој тип здравствени услуги давал. Баравме и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да пристапат и веројатно се веќе таму. Размислуваме да направиме нов модул кој ќе биде поврзан со лиценците и во моментот кога истекува лиценцата да се блокира акаунтот на тој доктор. Тоа произлезе од оваа ситуација, рече Алиу на денешната прес-конференција и додаде дека по извештајот ќе се формира стручна комисија.

Одговарајќи на новинарско прашање дали и на други директори на клиники им е истечена лиценца, Алиу рече дека таа матрица на податоци е јавна и нивниот центар за процесирање податоци во текот на денот ќе му даде извештај за тоа колку лиценци се при крај и колку се истечени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk