logo
logo
logo

За 10 дена напишани 6.264 казни, УАПСЕНИ 151 ВОЗАЧ, ОДЗЕМЕНИ 53 ВОЗИЛА

Vecer | 11.03.2026

За 10 дена напишани 6.264 казни, УАПСЕНИ 151 ВОЗАЧ, ОДЗЕМЕНИ 53 ВОЗИЛА

Во првите десет дена од март, полицијата низ државата регистрирала дури 6.264 сообраќајни прекршоци, а 151 возач бил лишен од слобода поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерство за внатрешни работи .

Најголемиот дел од казните се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина – дури 1.800 возачи возеле побрзо од пропишаното.

Според податоците на полицијата, меѓу приведените возачи 32 биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, додека 50 лица возеле без возачка дозвола. Полицијата лишила од слобода и 12 возачи кои управувале возило иако имале изречена забрана за возење.

Во овој период биле одземени и 53 возила, согласно член 300-б од Кривичниот законик.

Полицијата регистрирала и 1.477 прекршоци за неправилно паркирање, како и 110 санкции за возење под дејство на алкохол.

Контролите покажале и бројни други прекршувања на сообраќајните правила. 754 учесници во сообраќајот биле казнети затоа што не користеле сигурносен појас, а 43 моторциклисти биле санкционирани затоа што возеле без заштитен шлем.

Казни добиле и 238 пешаци, како и еден возач на електричен тротинет.

Покрај тоа, 67 нерегистрирани возила биле исклучени од сообраќај, додека 79 возила биле отстранети поради техничка неисправност. Санкционирани биле и 25 возачи поради неправилно затемнување на стаклата на возилата.

Од полицијата најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, со апел до возачите и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за да се намали бројот на несреќи на патиштата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk