logo
logo
logo

Додека КОНЦИТЕ СЕ ВО РАЦЕТЕ НА ЗАЕВ, СДС нема да застане на свои нозе, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 24.04.2026

Додека КОНЦИТЕ СЕ ВО РАЦЕТЕ НА ЗАЕВ, СДС нема да застане на свои нозе, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС не ја води претседателот на партијата Венко Филипче туку сенката од минатото Зоран Заев, кој ја контролира партијата. Доказ за тоа е појавувањето на Заев на роденденот на партијата што уште еднаш потврди дека тој е вистинскиот газда, а Филипче е само извршител, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Појавувањето на Заев не остави никаква дилема, тој е врховниот лидер на СДС додека Венко Филипче останува само формален претседател.

Заев е олицетворение на криминал, корупција и човек кој се пазари за се па дури и за државните и национални интереси, а Филипче е личност што слепо го следи и се воодушевува на неговиот ментор.

СДС денес е јасен пример за партија без вистинско раководство и без сопствена насока. Наместо лидерство, гледаме извршување на туѓи насоки и одржување на старите структури на Заев.

Филипче може да тврди што сака, но реалноста е поинаква, СДС не ја води тој. Партијата е заробена во истите кругови што ја доведоа до пад на довербата кај граѓаните и членството од само 130 илјади гласа.

Додека граѓаните очекуваат одговорност, реформи и нов почеток, СДС продолжува со истите лица и истите политики.

СДС денес е партија која не се реформира и обвновува туку напротив продолжува да тоне со деструктивните политики на Филипче.

Се додека Филипче и СДС јасно не се дистанцираат од минатото, од Зоран Заев и од влијанијата што ја држат партијата во место, нема иднина за СДС.

Се додека СДС и Филипче не се откажат од Заев нема вистинска промена во СДС, напротив продолжување на статус кво кое ја носи партијата уште подлабоко на маргините“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk