Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи притвор од 30 дена за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.
Мерката притвор, како што појаснуваат од Кривичен, е определна поради сомнение дека сторил кривично дело проневера во службата.
Како што информираат од Кривичен, притворот е определен поради опасност од бегство и можноста од влијание врз сведоци и докази во текот на постапката.
„Судот ќе продолжи да постапува согласно законските надлежности и во интерес на ефикасно и законито водење на постапката“,
се додава во соопштението од Кривичен.
ОЈО Скопје вчера покрена истрага и побара мерка притвор против Сејдини, поради сомнение за проневера во службата.
Според наводите на Обвинителството, експретседателот на ФФМ во периодот од ноември до декември 2024 година прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата