logo
logo
logo

Се бара притвор

ДА ГО ВРАТИМЕ БРОЈЧАНИКОТ - ИМАЛ ЛИ МЕНТОР СЕЈДИНИ? МВР со детали за проневерата на екс претседателот на ФФМ

Vecer | 23.04.2026

ДА ГО ВРАТИМЕ БРОЈЧАНИКОТ - ИМАЛ ЛИ МЕНТОР СЕЈДИНИ? МВР со детали за проневерата на екс претседателот на ФФМ

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постои оправдан страв дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението на ОЈО.

Детали од постапката

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во периодот од ноември – декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист.

Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраскруктура.

Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата „HatTrick VI”, осомничениот започнал постапка за спроведување на проектот – изградба на трибина на Стадион “Билјанини Извори” во Охрид и дал предлог за отпочнување на постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до три фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ.

Иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс, го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година, паричните средства во износ од околу 660 илјади евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице.

Да го вратиме бројчаникот до март 2022

Во 2022 година, предмет на скандал беше сегашната виша, а поранешна специјална обвинителка Фатиме Фетаи, за нејзините патувања на настапите на Фудбалската федерација.

Фатиме Фетаи за Палермо летна на 22, а плати на 28 март 2022 година

На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март.
На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март.


Вишата обвинителка Фатиме Фетаи во март 2022 година ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација.

На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март.

Тогашниот министер за правда Никола Тупанчески, иако вети, не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка, пренесе МКД.мк во 2022 година.

Присуството во авионот за чартер-летот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за натпреварот на македонската фудбалска репрезентација со Италија во Палермо (24 март 2022 година) на неколкумина актуелни и поранешни функционери отвори бројни морални прашања.

Фатиме Фетаи, Никола Тупанчески, министер за правда и Лазар Нанев
Фатиме Фетаи, Никола Тупанчески, министер за правда и Лазар Нанев

Откако се објави фотографијата како од ложата за ВИП гости од стадионот во Палермо навиваат вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, Никола Тупанчески, министерот за правда и Лазар Нанев, претседател на Општинскиот суд во Кавадарци се постави прашањето на чиј трошок биле таму.

МКД.мк објави дека во авионот со македонските репрезентативци патувале и Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, Никола Бакрачевски, поранешен градоначалник на Охрид и член на Етичкиот одбор на ФФМ и Владо Бучковски, поранешен македонски премиер, со двајцата синови.

ФФМ објави дека авионот бил платен од федерацијата, а билетите за ВИП ложата на стадионот во Палермо биле гратис.

Фатиме Фетаи е дел од поранешното СЈО кое незаконски си исплати милионски бонуси за незаконското прислушување. На толку незаконски бонуси од СЈО, патот и престојот во Палермо и го платиле од ФФМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk