logo
logo
logo

Ѓорѓиевски: Левица е во коалиција со ДУИ, тоа се виде уште од првиот круг

Vecer | 28.10.2025

Ѓорѓиевски: Левица е во коалиција со ДУИ, тоа се виде уште од првиот круг

Во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој посочи дека посочи дека Левица е во коалиција со ДУИ, прикажувајќи и фотографии на кои се гледа како заедно се фотографирани кандидатот на Левица со кандидатот за градоначалник на Тетово од ДУИ, со што се потврдува нивната соработка.

-Она што се говори во јавноста, а има потврди за тоа, од ДУИ кандидатот за градоначалник на Тетово заедно со вашиот кандидат кои што седат после изборите но и еден пратеник сликан во Собранието имаше заедно со претставник од ДУИ, тоа јасно говори во која насока се движат процесите, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски потенцираше дека уште од првиот круг е јасна поддршката која Левица ја имала од ДУИ.

-А ако се види состојбата по избирачки места тоа е многу едноставно и гласањето од првиот круг, јасно се доаѓа до сигнал дека вие сте имале поддршка од ДУИ уште во првиот круг, заклучи Ѓорѓиевски.

Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

Ѓорѓиевски вечерва изјави дека поради слабата излезност на првиот круг од локалните избори не победил и оти верува дека во недела на 2 ноември, кога ќе се одржи, вториот круг од изборите граѓаните ќе излезат во поголем број и оти ќе победи.

Ѓорѓиевски истакна дека досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидатите на локални избори во Градот Скопје, како што е разликата помеѓу него и Амар Мециновиќ од Левица.

При претставувањето на кандидатите за градоначалник на Скопје во дебатата на Канал 5, Ѓорѓиевски истакна дека е политиколог и доаѓа од приватниот сектор, како и дека е горд што е член на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ, пак, кажа дека студирал на Политички студии но дека нема дипломирано, дека работел различни работи, меѓу другото, и како фриленсер и дека се гордее со тоа.

Ѓорѓиевски во дебатата го праша Мециновиќ, кој е пратеник од Левица, дали ќе поднесе оставка по поразот во понеделник,  рече дека за тоа треба да го прашаат тогаш и оти во понеделник можеби ќе биде победник.

Спречивме ДУП со 99 згради во Расадник, ја сопревме бетонизацијата

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на дуел кај Иван на Канал 5 телевизија, истакна дека локалната самоуправа спречи изградба на 99 згради во Расадник.

„ДУП-от нема да се носи на начин на којшто планираа да се носи да се изградат 99 згради, ако е болката таму поради тоа што нема 99 згради додека не бидам градоначалник, ќе биде и понатаму тоа болка затоа што нема да има урбанизација и бетонизација како што тие планираа да има”, истакна Ѓорѓиевски.

Говорејќи за хигиената, тој дополни дека без оглед на тоа што надлежните институции не ја работеле својата работа, од 3 ноември сликата ќе биде поинаква.

“Што се однесува на микролокациите тоа е работа и надлежност на комунална хигиена, но морам да истакнам дека тоа ќе биде решено со реорганизација на комуналната хигиена“, рече Ѓорѓиевски.

Изградба на две гасни централи, едната во Охис, едната на излезот на Ѓорче Петров

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник за град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата На дуел со Иван, на Канал 5 телевизија при што најави дека во текот на неговиот мандат има за цел да изврши проширување на топлификационата мрежа во градот Скопје, како и изградба на две гасни централи од кои едната во Охис, а другата во Ѓорче Петров.

„Проширување на мрежата на топлификација, постапување, две гасни централи ќе има едната во Охис, во соработка со Владата, една на излезот на Ѓорче за онаму каде што не може градска топлификација, да можеме да го бајпасираме тој момент. И дополнително на високите зони во Скопје, како Црниче, Пржино, делови од Водно, каде што би имале сериозни загуби и не е возможно да се имплементираат првите две коишто ги споменав како мерки, тогаш ќе се оди на варијантата од страна на градот Скопје, конкретни субвенции за домаќинствата за топлотни пумпи поставување“, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски се осврна и на решенијата коишто тој ги има предвидено во неговата програма, а кои се во насока на решавање на сообраќајниот метеж во градот Скопје, при што истите ги сподели со јавноста.

„Го споменав моментот затворање на мал ринг, но велам вака, прво ќе се гради Лимак, да се заврши Лимак, за на народот му дадеме алтернатива. Јас секогаш сум поборник прво да дадеме алтернатива па да донесеме решение, решенија ад хок предизвикуваат дополнителен хаос“, рече Ѓорѓиевски и додаде:

„Градот Скопје мора да даде три комбинации од транспорт за граѓаните едната од тие е БРТ, којшто треба да се имплементира, но треба да се доработи кракот којшто недостасува до Драчево и паралелно до Радишани треба да се имплементира. Набавка на еколошки автобуси, Владата треба до март месец да обезбеди 80 автобуси за градот Скопје. Флотата да се обновува од страна на градот Скопје, градот Скопје има капацитет, има буџет, треба само да се направи реалоцирање на трошоците, треба домаќинско раководење на градот“, заврши Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk