logo
logo
logo

Кандидатот на Вреди бара поддршка од ДУИ за победа во Брвеница

Vecer | 25.10.2025

Кандидатот на Вреди бара поддршка од ДУИ за победа во Брвеница

Кандидатот на Коалицијата Вреди за градоначалник на Брвеница Хаќим Рамадани беше во Хамбург, Германија каде заедно со својот противкандидат од ДУИ, Енвер Пајазити, побараа гласови за Албанците да победеле на локалните избори во Македонија, објави Рамадани на својот профил на Фејсбук.

Рамадани потврдува дека соработува со ДУИ со цел да се победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Јовица Илиевски. Како што вели, „треба да се знае кој е газда на својата земја“, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.

Енвер Пајазити, кандидатот на ДУИ кој испадна од трката, заедно со Хаќим Рамадани од Вреди кој во вториот круг ќе се соочи со актуелниот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Јовица Илиевски, заедно отпатуваа во Германија, Австрија и Швајцарија каде се среќаваат со иселеници од Брвеница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk