logo
logo
logo

СДСМ ДОСТАВИ ПРИЈАВА ДО АНТИКОРУПЦИСКА ЗА ТЕНДЕРОТ ОД 9 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 02.12.2025

СДСМ ДОСТАВИ ПРИЈАВА ДО АНТИКОРУПЦИСКА ЗА ТЕНДЕРОТ ОД 9 МИЛИОНИ ЕВРА

СДСМ денеска поднесе пријава и бара Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) да отвори предмет, да спроведе постапка и да ги испита сите елементи во врска со тендерот од 9 милиони евра.

– Како што ветивме, нема да дозволиме ова да остане само на прес конференции. Институциите мора да постапат, крадењето на народот да запре и да следува одговорност. Кога фирмата основана пред една година, со само двајца вработени, добива државни тендери од речиси 9 милиони евра, што е тоа ако не шема за испумпување пари од граѓаните? Кога од 6 дури 4 милионски договори се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски тогаш што е тоа ако не фаворизирање на омилени фирми? – рече Петар Огњеновиќ од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во ТВ емисија рече дека нема против да реагираат институциите ако во тендерот има корупција и криминал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk