Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од булеварот „Македонија“ чија изградба почна вчера и се очекува првата фаза да биде реализирана во рок од 90 дена.
„Градот Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја“, пишува Ѓорѓиевски.
Градоначалникот најави дека ваа недела треба да биде распишана и тендерската постапка за втората фаза, а дека очекува целата сообраќајница, којашто е околу два километра, да биде завршена до крајот на неговиот мандат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата