logo
logo
logo

Во Брвеница не славиме против никого, славиме за Македонија, им благодарам на сите жители

Vecer | 02.11.2025

Во Брвеница не славиме против никого, славиме за Македонија, им благодарам на сите жители

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва беше во Брвеница, по завршување на вториот круг на локалните избори и му ја честиташе победата на новизбраниот градоначалник Јовица Илиевски.

-Покажавме дека општина Брвеница е за соживот, не за етнички поделби. Благодарност до сите жители, докажавме дека сме мултиетничка општина и таква ќе останеме. Благодарност до претседателот Мицкоски за максималната поддршка – рече Илиевски.

Мицкоски му ја честиташе победата на Илиевски и рече дека заедно со Владата ќе се направат многу проекти за општина Брвеница.

-Честитки на Јовица што издржа, веруваме дека иднината е во заедништвото. Сите кои мислат дека можат да бидат лидери на начин на кој ќе разделуваат грешат. Тој концепт се покажа погрешен. Им благодарам на сите жители на општина Брвеница кои ја дадоа поддршката и застанаа зад овој концепт на обединување – рече Мицкоски.

-Во Брвеница останува Јовица градоначалник, вечерва не славиме против некого, славиме за Македонија, изјави вечерва лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска. Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, и дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок!, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk