logo
logo
logo

Алиу го разреши, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа одлуката

-А бе пробај го, сакаш да кажеш дека не е добар? СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО СО ДИРЕКТОРОТ НА НЕВРОЛОГИЈА Кузмановски снимен со кокаин?

Vecer | 10.10.2025

-А бе пробај го, сакаш да кажеш дека не е добар? СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО СО ДИРЕКТОРОТ НА НЕВРОЛОГИЈА Кузмановски снимен со кокаин?

-А бе пробај го, сакаш да кажеш дека не е добар?

На социјалната мрежа Икс денеска се појави видео во кое се гледа директорот на Универзитетската клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски, како зборува за консумација на дрога. Во видеото, Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија и со асоцијации зборува за кокаин, додека разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.

– Ако е малце измешано одма ти го враќам, ќе ги фрлам, јас не можам со спидо и амфетамини да шмркам бело, само ако не е добро. Сакаш да го пробаш и да кажеш дали е добро? – му вели Кузмановски на соговорникот во дел од видеото.

Министерството за здравство преку соопштение информираше дека министерот Азир Алиу веднаш по увидот во видеото донел решение за разрешување на Кузмановски, кој на директорската позиција беше поставен во август оваа година.

Од Министерството посочуваат дека работата на Клиниката ќе продолжи непречено и дека ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така го поздравија решението и потенцираа дека извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности.

– Ја поддржуваме одлуката директорот на Клиниката за неврологија да биде разрешен, институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Нема сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето на институциите мора да биде во согласност со вредносниот систем на одговорност за кој се залагаме и ќе продолжиме да се бориме“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што граѓаните го осудија поведението на директорот и побараа транспарентно постапување од надлежните институции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk