logo
logo
logo

Зошто Хрватите НЕ ЛЕТУВААТ ВО ХРВАТСКА?

Vecer | 23.06.2023

Зошто Хрватите НЕ ЛЕТУВААТ ВО ХРВАТСКА?

На целиот далматински брег и острови деновиве се откажуваат резервациите за одмор поради високите цени за сместување, јавуваат хрватските медиуми, наведувајќи дека Хрватите се почесто избираат поевтини медитерански земји.

Четиричлено семејство за седум дена во приватно сместување за летен одмор во Хрватска треба да потроши 1.200 евра, а за хотел околу 4.000 евра, наведува „Слободна Далмација“, наведувајќи дека во Египет и Тунис слична понуда чини од 280 до 1.400 евра.

Во ол инклузивното сместување таму, вклучувајќи ја и авионската карта, може да летате за 600-700 евра по лице, додека во Хрватска за таа сума можете да добиете полупансион.

Како што се додава, кога се во прашање високите цени на хрватското приморје, Дубровник е на самиот врв.

Скапи атракции

Миро Драшковиќ, шефот на Туристичката организација на Дубровник (ТБ), наведува дека секој има своја деловна политика, во која не може да се меша.

Во однос на цените во споредба со конкурентските дестинации, истакнува дека Дубровник го зазеде 16-тото место во истражувањето „Post Office City Costs Barometer“  меѓу 35 европски градови.

Ова истражување ги зема предвид просечните цени на сместување, храна, пијалоци и атракции и покажува дека Дубровник е град со исклучително скапи туристички атракции, но со поевтина храна и пијалоци, ако се споредат, да речеме, со Ница, Виена и Хелсинки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk