logo
logo
logo

Жена го фатила мажот НА ДЕЛО: Неговото оправдување насмеа многумина „КЛАСИЧЕН МАНИПУЛАТОР“

Vecer | 07.06.2023

Жена го фатила мажот НА ДЕЛО: Неговото оправдување насмеа многумина „КЛАСИЧЕН МАНИПУЛАТОР“

Предавството на партнерот е една од најлошите работи што може да и се случат на една личност. Некому кому сте му ја дале својата љубов, време и внимание решил се да фрли „во вода“ поради трето лице, а со тоа не е лесно да се изборите.

Додека некои  за да го надминат овој период бараат помош од семејството, пријателите или професионална личност, во последните неколку години, се чини, дека стана популарно други да ги искажуваат своите приватни проблеми на Интернет и да бараат совет од сосема непознати луѓе.

Токму тоа го направила една жена чиј идентитет не е познат, а приказната за неверството на нејзиниот сопруг решила да ја сподели на социјалната мрежа „Редит“.

Според неа, таа и нејзиниот сопруг биле во брак шест години и се било во ред додека не го нашла во кревет со друга жена.

- Прво почна да се извинува, а потоа реши да биде искрен и да ми каже зошто ме изневерува. Неговата причина, наводно, беше тоа што не носев облека што е „наменета за спалната соба“, а тоа му зборувало дека не се трудам околу него – почнува таа, а пренесува „Мирор“.

Како што вели таа, кога го прашала зошто никогаш не и купил таква облека, тој одговорил дека не сакал да ја навреди.

- Го сакам своето тело, а тој постојано ми кажуваше колку сум му привлечна и често водевме љубов. Не ми е јасно дали ме лажеше цело време, ги прашала корисниците на Редит.

Повеќето застанале во нејзина одбрана и го обвиниле нејзиниот сопруг за тоа што го направил.

- Класичен манипулатор. Ве обвини за нешто што лесно можевте да го решите, напишала една жена.

– Ова е најглупавиот изговор за изневерување што сум го слушнал, додал еден маж.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk