Интервенцијата била успешно завршена, па по лекување е пуштена дома.
Меѓутоа, набрзо почнала да трпи необични болки во стомакот. По две и пол години се обратила кај лекарите и побарала помош, пренесува Daily Mail.
Жителката на Индија направила низа тестови кои не откриле ништо посебно, па ѝ дадоа лекови против болки. Но, болката не престанала и бил направен КТ скен.
Тогаш лекарите сфатиле дека покрај дебелото црево има хируршки ножици, ни помалку ни повеќе!
Се верува дека за време на операцијата по грешка биле оставени во стомакот, па веднаш била организирана нова интервенција. Едноставно е неверојатно дека туѓото тело не довело до посериозни компликации, како внатрешно крварење, некроза, инфекција или сепса.
Мајката на две деца сега бара одговорност од лекарскиот тим кој прв ја оперирал и размислува да преземе правна постапка.
Таа посочува дека интензивните болки кои ги претрпела исчезнале по втората интервенција, а за среќа не претрпела трајни последици - освен внатрешната лузна каде што биле „залепени ножиците“.
Претставниците на болницата во градот Гвалиор најавуваат дека ќе подготват детален извештај за инцидентот и ќе го достават до надлежните на разгледување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата