logo
logo
logo

Јапонец осуден на две години затвор за кражба на 200 кг млад кромид

Vecer | 19.12.2024

Јапонец осуден на две години затвор за кражба на 200 кг млад кромид

Човекот, кој и се повлекол од земјоделството по кражбата, е осуден на казна затвор од две години, и суспензија од три години, пренесуваат тамошните медиуми.

Окружниот суд во Кјото ја оцени кражбата како „злонамерна“, а сѐ тоа се случувало во август и септември. Судиите не најдоа „никакви олеснителни околности“ во одлуката на осудениот да „краде од конкурент и да го надомести изгубениот приход предизвикан од неповолните временски услови“. Направената штета е во вредност од 200.000 јени (околу 1.300 долари), јави „Кансај ТВ“.

Топлотните бранови поттикнати од климатските промени зафатија многу делови од планетата Земја.

Летото оваа година во Јапонија важи за најжешкото досега - заедно со тоа забележано во 2023 година. Познатата снежна покривка на планината Фуџи, исто така, оваа година го имаше рекордот во најдоцно појавување - не завеа до почетокот на ноември. Вообичаено, снег на познатата јапонска планина паѓа на почетокот на октомври. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk