logo
logo
logo

Заљубени сте во колега од работа? Еве како да се справите со емоциите

Vecer | 15.05.2026

Заљубени сте во колега од работа? Еве како да се справите со емоциите

Во речиси секоја канцеларија постојат симпатии и привлечности меѓу колегите. Иако многу парови се запознале на работа, впуштањето во врска со колега носи ризик. Ако се борите со чувства спрема некого од работа и не сте сигурни дали е добра идеја, порталот Vice советува како да ја надминете таа привлечност.

Одвојте ја фантазијата од реалноста

Многу луѓе фантазираат за луѓе кои не можат да ги имаат, што е вообичаено на работа бидејќи врските помеѓу колегите може да бидат забранети или табу. За да ја преболите симпатијата од работа важно е да разберете дали вашата фантазија произлегува од самата близина.

Многу луѓе развиваат симпатија на работа едноставно затоа што со тие луѓе поминуваат поголем дел од неделата. Близината, па дури и споделениот стрес, можат да ги зближат луѓето кои инаку можеби не би биле привлечени еден кон друг.

„Ефект на изложување“ е психолошки феномен според кој некој почнува повеќе да ни се допаѓа само затоа што редовно го гледаме“, објаснува Марко Кали, основач на компанијата RedPeach. „Истражувањата покажаа дека се потребни само 15 средби за да се достигне целосниот потенцијал на ефектот. Ова значи дека би можеле да го засакате вашиот колега по три недели заедничка работа во канцеларија – или од редовни видеоповици!“

За жал, ова не е секогаш точен показател за компатибилноста. Откако ќе почнете да се забавувате реално, можно е да сфатите дека вашата врска нема толку цврсти темели како што сте сметале.

Создадете дистанца

Понекогаш мора свесно да создадете дистанца. Во спротивно, премногу е примамливо постојано да ја анализирате секоја интеракција или да ја храните сопствената имагинација.

„Не мора целосно да ја избегнувате оваа личност, особено ако ја гледате секој ден во канцеларија. Сепак, една од најважните промени е да сфатите дека не можете од другите луѓе секогаш да го добиете решението на ситуацијата што ја посакувате, но можете да го создадете за себе“, вели Кели.

Ограничете ги непотребните интеракции

Покрај создавањето физичка дистанца, ограничете ја интеракцијата со симпатијата на строго професионален и нужен разговор. „Исклучете го „случајниот“ контакт за кој можеби и не сте свесни, како брзото поздравување додека поминувате покрај бирото или одењето на кафе во исто време“, препорачува Кели. „Сведете ги личните разговори на минимум и избегнувајте да ги иницирате освен ако не е нешто поврзано со работата.“

Секако, истото важи и за социјалните медиуми и испраќањето пораки. „Не заборавајте на дигиталната близина. Можеби ќе го/ја избегнувате во канцеларијата, но продолжувањето на разговорот преку Интернет ќе ја одржи врската жива. Погрижете се границите да бидат исто толку јасни на Интернет како што се во канцеларијата“, додава Кели.

Пренасочете ја вашата енергија

Најдобриот начин да преболите некого е да ја фокусирате вашата енергија на нешто друго. Во овој случај, фокусирајте го вашето внимание и труд на вашата кариера. Колку помалку време поминувате размислувајќи за „што ако“ и препуштајќи се на фантазиите, толку полесно ќе ја преболите симпатија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk