Станува збор за Лејк Поншартрен Козвеј (Lake Pontchartrain Causeway) во американската сојузна држава Луизијана - најдолгиот континуиран мост над вода на планетата, долг речиси 39 километри. Мостот ги поврзува местата Метари и Мандевил, а неговата изградба започнала среде минатиот век за побрза и поефикасна врска преку езерото Понтчартрејн. И покрај импресивната должина, мостот бил завршен за само 14 месеци, што го сместува меѓу најголемите инженерски достигнувања. Секоја година преку него поминуваат околу 12 милиони возила. Возењето во нормални услови трае околу 30 минути, а јужниот коловоз e патарина. Безбедноста ја следат специјални единици- „Козвеј полиција“ (“Causeway Police”) и „Патролa за помош на возачи“ (“Motorist Assistance Patrol”), кои интервенираат при сообраќајни незгоди, густа магла или ако возачите не можат да продолжат поради страв.

До 2011 година мостот држел Гинисов рекорд како најдолгиот мост над вода, а и ден денес важи за најдолгиот мост над вода. Возачите опишуваат дека преминот е особено непријатен кога копното целосно исчезнува од видик, создавајќи чувство на изолација и дезориентација. Некои доживуваат напади на паника, особено за време на густа магла или бури. Но и покрај стравот што го предизвикува, за дел од луѓето поминувањето по мостот е секојдневна рутина. Еден од вочите се присетил дека како дете возењето преку мостот при зајдисонце му изгледало како пат кон крајот на светот, додека денес тоа му претставува само половина час од вообичаениот ден. На мостот постојат точки за свртување, но до нив се стигнува само со полициска придружба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата