logo
logo
logo

Штајнер предлага Израел да купи 40 грчки острови за да ги евакуира Израелците во случај на војна

Vecer | 25.03.2026

Штајнер предлага Израел да купи 40 грчки острови за да ги евакуира Израелците во случај на војна

Штајнер купувањето на ненаселени грчки острови ја оцени како втора Железна купола, поради опасноста од иранските ракети кои можат да погодат цели во Израел.

- Тие не мора да бидат само острови, за мене идејата е да се купи ненаселено земјиште за да се создаде уште една Железна купола, посочи Штајнер.

Тој предлогот го презентираше на состанокот на одборот на директори на Химнута, дел од Еврејскиот национален фонд формиран во 1967 година за купување палестинско земјиште на окупираниот Западен Брег.

Според Штајнер, дури би било можно да се создаде договорна рамка со грчката влада за да се пренесе суверенитетот над островите на Израел во подоцнежна фаза.

Израелскиот весник „Хаарец“ идејата на Штајнер ја оцени како „надреална“ и оти била одбиена од мнозинството членови на одборот на Химнута, тврдејќи дека Еврејскиот национален фонд нема мандат да купува земјиште надвор од Израел.

Грчкиот државен фонд за управување со имот во 2012 година идентификувал 40 ненаселени острови, кои би можеле да се издаваат под закуп до 50 години со цел да се намали националниот долг на Грција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk