logo
logo
logo

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче

Vecer | 16.03.2026

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче

- Викендов во Скопје ЗОО повторно имавме причина за радост, се изведе уште едно бебе пингвин од видот хамболт. Нашите пингвини Џонатан и Лила за само неколку дена станаа горди родители на второ младенче, информираа од Зоолошката градина.

Во објавата се појаснува дека на споделеното видео може да се види како мајката Лила ги храни бебињата.

- Таа јаде риба, ја џвака и така подготвената смеса им ја дава на малите, што е природен начин на исхрана кај пингвините. Скопје ЗОО продолжува да биде една од најуспешните зоолошки градини во регионот во размножувањето на загрозениот вид хамболт пингвини, додадоа од Зоолошката градина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk