logo
logo
logo

Неверојатна глетка во Бразил: две реки се среќаваат, но не се мешаат

Vecer | 16.03.2026

Неверојатна глетка во Бразил: две реки се среќаваат, но не се мешаат

„Ова е фасцинантна природна појава. Особено по фактот дека по среќавањето, водите на овие две реки течат една покрај друга дури шест километри, а притоа речиси и не се мешаат. Токму поради овој необичен контраст - едната е речиси црна, а другата светла. Поради овој природен феномен, ова место се смета за едно од најголемите туристички атракции во градот“, пренесува хрватскиот портал „Пункуфер“ (Punkufer.hr).

Од овој почетен дел реките продолжуваат да течат уште 60-ина километри пред водите целосно да се измешаат, иако разликата во бојата може да се забележи уште на 30-ина километри. Причината за овој необичен феномен се крие во разликата помеѓу реките - температурата на водата, брзината на текот и количината седимент во водата. 

Црна Река тече побавно, со брзина од речиси два километри на час, и е потопла, со температура на водата околу 28 степени. Од друга страна, Амазон тече значително побрзо, со брзина од четири до шест километри на час, а нејзината вода е поладна - околу 22 степена. Овие реки исто така се разликуваат и по нивниот состав. Светлата вода на Амазон е богата со седимент што доаѓа од Андите, а темната вода на Црна Река речиси и да нема седимент. Нејзината карактеристична темна боја се создава поради органските материи (распадните лисје и растенија од околните прашуми).

Сличен феномен на среќавање на водите може да се сретне и на други места во амазонскиот регион: градот Сантарем, Бразил, Икитос, Пуерто Малдонадо и во бразилскиот град Коари. Овој природен феномен претставува посебна можност за туристите и научниците да набљудуваат како разликите во температурата, брзината и составот на водата може да влијаат на текот на реките и создаваат впечатливи визуелни контрасти, кои траат со километри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk