Како дел од нашата поширока иницијатива за свесно и модерно родителство, континуирано создаваме содржини, настани и ресурси кои ги охрабруваат родителите да бидат информирани, присутни и вклучени – без притисок да бидат совршени.
Соработуваме со релевантни експерти од различни области со цел да ја намалиме галамата од контрадикторни информации и да им овозможиме на родителите пристап до проверено, разбирливо и применливо знаење.
Воедно, преку нашата платформа за втора рака бебешки и детски продукти, активно промовираме одржливо живеење, поттикнувајќи повторна употреба, свесна потрошувачка и поддршка меѓу родителите.
Еден од тие настани беше „Виски и фризури“ – вечер која на прв поглед изгледа неочекувано, но во суштина носи една многу важна порака. Заедно со @mali_dzvezdi и @sipandcreate.skopje, создадовме простор каде што татковците имаа можност да научат нешто ново – како да направат фризура на своите ќерки.
Она што го видовме беше многу повеќе од фризури.
Видовме татковци кои се трудат, кои учат, кои излегуваат од својата комфор зона – за да бидат поблиску до своите деца. Видовме моменти на несигурност, смеа, обиди и грешки… но пред сè, видовме љубов во наједноставна и најискрена форма.
Овој настан е дел од нашата визија да го промениме начинот на кој гледаме на родителството – да го направиме поинклузивно, поддржувачко и ослободено од стереотипи. Да ги охрабриме татковците да бидат активен дел од секојдневието на своите деца, а мајките да знаат дека не се сами.
Во ШТРК веруваме дека не постојат совршени родители – постојат родители што се трудат.
А токму тие моменти на труд, присутност и љубов се тие што навистина прават разлика, велат од ШТРК.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата