logo
logo
logo

ПОЧИНА НОВИНАРОТ ГОЦЕ КОНТЕВСКИ од весникот “Вечер“

Vecer | 23.03.2026

ПОЧИНА НОВИНАРОТ ГОЦЕ КОНТЕВСКИ од весникот “Вечер“

На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар. Целиот професионален век Контевски го помина во весникот „Вечер“ каде ги помина сите скалила во новинарската кариера од приправник до заменик на главниот уредник и в.д. главен уредник.

Во текот на својата долгогодишна кариера, посебно се ангажираше на бројни проекти со кои се унапредуваа содржините во весникот преку уредување на специјални прилози од областа на спортот и на масовните комуникации. Имаше значаен придонес и во реализацијата на новинарскиот проект „ВЕЧЕР ЕВРОПА“, кој почна да се реализира како дел од тридеценискиот јубилеј на весникот во 1993 година.

Благодарение на неговиот посебен ангажман во Франкфурт, Германија, почна да се печати и издава специјално седмично издание, кое беше наменето за македонските граѓани во дијаспората, кое се дистрибуираше во повеќе од десетина европски земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk