Радио-комуникацијата од контролата на летање ја открива драмата во последните мигови. Прво, возилото било пуштено да ја премине пистата кај такси-излезот Делта, а потоа, кога контролата сфатила дека авионот доаѓа, следувала панична наредба за запирање. Во аудиото што го пренесуваат повеќе медиуми се слуша очајничкото предупредување до „Truck 1“ да застане, но веќе било предоцна. Во тие неколку секунди се урнал целиот простор меѓу рутина и катастрофа.
Податоците од следењето на летот покажуваат дека авионот AC8646 од Монтреал постепено забавувал по слетувањето, сѐ додека не стигнал близу до такси-излезот Е, каде брзината нагло се менува и трагата покажува отстапување што се совпаѓа со моментот на ударот. Flightradar24 пресметува дека судирот се случил при брзина од околу 24 милји на час, односно околу 39 километри на час. Токму таа брзина објаснува зошто носот на авионот бил целосно згмечен, а возилото превртено на страна.
Во оваа трагедија која се сличи вчера, една стјуардеса, пронајдена надвор од авионот и сè уште врзана на своето седиште, преживеа и беше пренесена во болница.
Авионот „Bombardier CRJ‑900“, кој имаше 72 патници и четири члена на екипажот, се судри со голема противпожарна камионска единица од Port Authority Aircraft Rescue and Fire Fighting (ARFF) додека слетуваше на писта 4. Возилото било испратено за да одговори на друг случај на итна помош, а истрагата на Американската национална одбор за безбедност во транспортот (NTSB) и Федералната управа за авиација (FAA) анализираат дали недоразбирање во комуникацијата меѓу контролата на воздухопловниот сообраќај и возилото довело до влегување на камионот на активната писта точно кога авионот слетувал.
Пилотите биле прогласени за мртви на самото место, а најмалку 41 лице било пренесено во болница, вклучувајќи 39 патници и членови на екипажот, како и двајца пожарникари од возилото за итни интервенции. Дел од нив подоцна биле пуштени на домашно лекување, додека други сè уште примаат третман за сериозни повреди.
Сведоци опишуваат панични сцени додека патниците се обидувале да се евакуираат од оштетениот авион, користејќи излези и крила за излез надвор, додека службите за итни случаи брзо реагирале на теренот. Аеродромот времено бил затворен, а голем број летови биле откажани или пренасочени додека траеше безбедносната контрола и истрага.
Надлежните власти продолжуваат да истражуваат како дошло до судирот меѓу авионот и противпожарната единица, а анализа на снимки од контролната кула покажува дека контролорот се обидел да запре возилото со повици „стоп, стоп“, но тоа не било доволно за да се избегне трагедијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата