Имено, пред извесно време се подложила на болна модификација на јазикот и буквално го преполовила. Затоа, корисниците на ТикТок со неверување гледаа како јаде шпагети.
Предупредуваме дека видеото може да биде вознемирувачко за некои читатели.
Млада тату уметничка од Флорида зема шпагети со виљушка, ги носи до устата, а потоа следува малку бизарна сцена. Ја гледаме како манипулира со деловите од јазикот, а многу корисници останаа шокирани од глетката.
„Во најмала рака не бев подготвен за ова“, „Не знаев дека расцепен јазик може да прави вакви работи, изгледа забавно“, се дел од коментарите.
Претходно открила каква била целата процедура, но и опоравувањето.
„Процесот беше многу поедноставен отколку што очекував и траеше 15 минути. Конците одзади беа најлоши“, рекла таа.