logo
logo
logo

Папата ги осуди политичките лидери кои се повикуваат на верски уверувања за оправдување на конфликти и национализам

Vecer | 18.12.2025

Папата ги осуди политичките лидери кои се повикуваат на верски уверувања за оправдување на конфликти и национализам

Папата Лав Четиринаесетти денеска ги осуди политичките лидери кои се повикуваат на верски уверувања за да ги оправдаат конфликтите или своите националистички политики, нарекувајќи го тоа облик на богохулство и сериозен грев на непочитување или навреда кон Бога.

Лав Четиринаесетти, првиот папа од САД, не именуваше конкретни лидери во својата порака објавена во пресрет на Светскиот ден на мирот на Католичката црква на 1 јануари, но повика верниците да се спротивстават на секоја таква злоупотреба на верата.

- За жал, сè почесто се користи јазикот на верата во политичките битки, се благословува национализмот и се оправдува насилството и вооружената борба во името на религијата, рече папата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk