Иако сè уште нема цврсти докази, освен информациите од руските медиуми кои продолжуваат да тврдат дека украинската војска извршила напад врз регионот Новгород, при што целта наводно била резиденцијата на претседателот Путин, која се наоѓа во оваа област.
Иако рускиот претседател Владимир Путин поседува неколку резиденции надвор од Кремљ, светската јавност многу малку знае за неговата резиденција во Валдај, град во регионот Новгород.
Сепак, Фондацијата за борба против корупцијата, основана од рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави серија статии за резиденцијата, опишувајќи ја како една од најголемите тајни на Путин.
Документите покажуваат дека резиденцијата е распространета на две парцели. Парцелата од 150 хектари е во трајна сопственост на Федералната служба за безбедност (FSO) и припаѓа на Руската Федерација. На ова земјиште се наоѓаат помошни згради, вклучувајќи магацини, гаражи и хангари, како и мали куќи за гости.
Втората парцела, со површина од 100 хектари, каде што се наоѓаат главните згради на резиденцијата, не е во државна сопственост. Таа му припаѓа на бизнисменот и близок пријател на претседателот Владимир Путин, Јуриј Ковалчук, кој ги издава земјиштето и зградите под закуп на Одделот за управување со имот на претседателот (PPD).
Што се однесува до зградите на имотот, истрагата споменува релативно скромна главна куќа, висока четири ката и површина од 3.500 квадратни метри.
На имотот има и кинески павилјон кој се користел како куќа за гости. Изграден е од компанијата Кредо, која моментално работи и на палатата во близина на Геленџик.
Листата на објекти вклучува и бањи, летниковци, ресторан, паб, дрвени колиби и детско игралиште. Во резиденцијата се наоѓа и црквата „Свети Владимир“.
Зградата содржи криокомора за третмани за подмладување, пловечки базен за ослободување од стрес, козметички и стоматолошки клиники, кади за масажа, стандарден базен од 25 метри, амам и сауна.
Фондацијата за борба против корупцијата особено го истакна делот за масажа во зградата, кој вклучува платформа за тајландска масажа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата