logo
logo
logo

(Видео) Не, ова што го гледате НЕ Е КУЧЕ! Потрошил куп пари ЗА ДА БИДЕ КУЧЕ, и сега прозборе за тоа

Vecer | 08.09.2023

(Видео) Не, ова што го гледате НЕ Е КУЧЕ! Потрошил куп пари ЗА ДА БИДЕ КУЧЕ, и сега прозборе за тоа

Светот го запозна Јапонецот кој се крие зад прекарот Токо. Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим и помагала, со цел да го исполни својот детски сон, да стане куше, и да го запознае светот од перспектива на животното.

На социјалните мрежи се појави пред една година, а оттогаш собра армија обожаватели кои ги следат случувањата во неговиот живот.

Токо реши да ги „почасти“ фановите, па своето прво интервју го даде за шпанската новинска агенција ЕФЕ. Тој во ексклузивно интервју откри детали од својот живот, а одговори и на можеби најважното прашање - зошто го крие идентитетот.

„Сакав да станам куче од кога се сеќавам. Го избрав костимот коли затоа што изгледа веродостојно“, изјави претходно Токо.

Сега тој истакнува дека многу фанови го контактираат кои сакаат да тргнат по неговите стапки.

„Добивам различни пораки, а многу од нив се позитивни. Луѓето ми велат дека сакаат да носат костим за куче. Тоа значи дека има луѓе како мене на овој свет“.

Идентитетот на Јапонецот во иднина ќе остане скриен бидејќи не сака неговите колеги од работа да дознаат за неговото необично хоби, пренесува LadBible.

„Многу луѓе мислат дека е чудно што сакам да бидам куче. Поради оваа причина, нема да го покажам моето лице“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=62Un1y4MM0g&t=1s[/embed]

Зборуваше и претставникот на компанијата Цепет која го изработи костимот на шкотскиот овчар.

„Скелетните структури на луѓето и кучињата немаат сличности, па затоа потрошивме многу време на решавање на проблемот. Освен тоа, собравме многу материјал кој ни помогна да создадеме верна копија од крзното на колиите“, објасни тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk