logo
logo
logo

Видео- фото: Париз погоден од град

Vecer | 04.05.2025

Видео- фото: Париз погоден од град

По неколку топли денови, во саботата во Франција пристигна „добро заладување“, придружено со силен дожд, силен град и ветер.

Град со големина на орев повеќе од 15 минути ја погоди француската престолнина и предизвика огромна материјална штета, пред се на возила, од кои некои изгледаа како да се зачукувани.

Силниот дожд предизвика и поплави на улиците, што многу го отежна движењето на автомобилите, а имаше и извештаи за навлегување на вода во подрумите. 

Како што често се случува при обилни врнежи во француската престолнина, метро станиците беа поплавени, а сообраќајот беше привремено во прекин на неколку линии.

На социјалните мрежи кружат видеа од невидено невреме, на кои изгледа како во мај да паднал снег во Париз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk