logo
logo
logo

Ви го кратат животот ОВИЕ НАВИКИ КОИ НЕКОИ ГИ ПРАВАТ СЕКОЈ ДЕН

Vecer | 04.05.2025

Ви го кратат животот ОВИЕ НАВИКИ КОИ НЕКОИ ГИ ПРАВАТ СЕКОЈ ДЕН

Кога јадете, гледате телевизија и многу хигиенски навики можеби изгледаат безопасни, но во реалноста, тие може скапо да ве чинат.

Полноќна закуска

Не можете да одолеете да ѕирнете во фрижидер доцна навечер? Ова може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања или дијабетес, според истражувањето на Националниот автономен универзитет на Мексико во Мексико Сити.

„Оваа навика го зголемува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, бидејќи со текот на времето не само што ќе имате високи нивоа на триглицериди после ноќниот оброк, туку и трајно“, вели авторот на студијата д-р Руд Бујс.

Триглицеридите се опасни масти во крвта кои се акумулираат во масното ткиво и не можете така лесно да се ослободите од нив. Најдобро би било да јадете што е можно помалку навечер и да има растојание од 11, 12 часа помеѓу вечерниот оброк и појадокот.

Неспиење

Останувањето будни до доцна навечер за да гледате уште една епизода од омилената серија ви го одзема скапоцениот сон. Во новото истражување, оние кои гледале премногу телевизија забележале дека се поуморни, имаат повеќе симптоми на несоница и полош квалитет на сон.

Американската академија за медицина на сон препорачува возрасните да спијат седум часа или повеќе за оптимално здравје.

Солена храна

Ако додадете сол на сè што јадете, може да го загрозите вашето здравје бидејќи премногу солена храна предизвикува 9,5 отсто од сите смртни случаи поврзани со исхраната, според студијата објавена во списанието на Американското медицинско здружение.

Премногу сол може да го оштети срцето или бубрезите, пишува Хелт.

Грицкање нокти

Грицкањето нокти е грда навика, но и опасна. Адам Фридман, вонреден професор по дерматологија на Медицинскиот факултет Џорџ Вашингтон вели:

„Ова е местото каде што тие можат да се размножуваат предизвикувајќи нежна, отечена паронихија (инфекција околу наборот на ноктот), фелон (инфекција на стрептокок на перничето на прстот - супер болно) или уште подлабоки инфекции кои ги вклучуваат подлабоките структури на прстите. Во вистинската средина, бактеријата може да влезе во крвотокот и на крајот да предизвика сепса, потенцијално опасна по живот“.

Прескокнување на појадокот

Тоа навистина е најважниот оброк во денот, вели нутриционистката Дејна Грин.

„Појадокот го регулира вашиот апетит во текот на денот, па прескокнувањето ве тера да јадете повеќе подоцна во текот на денот, што е увертира за прекумерна тежина. И тоа е сепак ризик од срцеви заболувања и смрт“, вели Грин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk