Ќерката на Мадона, Лурдес Леон порасна во вистинска убавица. Атрактивната црнка е во центарот на вниманието и поради нејзиниот моден избор и поради нејзините необични ставови. Неодамна таа се појави практично гола на еден моден настан и со тоа привлече големо внимание. Неодамна повторно беше фотографирана во слично издание, а изгледа дека вниманието и годи, па токму поради тоа излегува „гола“ во јавност.
Отпрвин, во центарот на вниманието беше нејзиниот став за депилација, додека познато е дека таа се залагаше дека жената не мора секогаш да се депилира за да биде убава и посакувана, а на секој настан се појавуваше влакнеста од глава до пети. Многумина на нож го дочекаа нејзиниот став, коментирајќи дека се работи за лична хигиена.


Мадона ја доби Лурдес од врската со тренерот Карлос Леон со кого беше во 90-тите. Сепак, таа врска заврши набргу по нејзиното раѓање.
Лурдес изјавила дека нејзиното воспитување било доста строго бидејќи не смеела да излегува. Таа објасни: „Понекогаш татко ми ми дозволуваше да се дружам со пријателите за време на викендот, но јас навистина не би го сметала тоа како излегување“.