Два пати ја објавија смртта на истата 90-годишна жена, но во рок од 24 часа.
Имено, во понеделникот констатирале смрт на жената и телото било пренесено во мртовечница. На семејството наводно не му дозволиле да го види телото пред да биде пренесено од болницата. Тогаш вработен во гробиштата, додека го подготвувал телото за погреб, забележал дека жената се уште дише, по што итно била вратена во болница, за следниот ден повторно да биде прогласена за мртва.
Што се крие зад овој случај сè уште не е познато, но случајот сега е во рацете на Националната полиција, пишува El Periódico de Aragón.
Семејството поднело жалба бидејќи смета дека првичната грешка на болницата придонела за смртта на 90-годишната жена.