20-годишната Наталија го носеше шоуто на брендот Версаче, а мама Ванеса гордо ја гледаше од првиот ред. Наталија ја носеше ревијата покрај големите модни имиња како Џиџи Хадид и Кендал Џенер и доби бројни комплименти за нејзината прва модна ревија.
@voguemagazine #NataliaBryant makes her runway debut today at #versace’s spring 2024 show during #MilanFashionWeek ♬ original sound - Vogue
Најстарата ќерка на легендарниот кошаркар, студентка на Универзитетот во Јужна Калифорнија, е висока 178 сантиметри, игра одбојка и привлекува внимание каде и да се појави. Пред неколку години таа откри дека нејзиниот модел е нејзината мајка. "Веројатно најмногу стилски совети добивам од мајка ми. Мајка ми со години ме учеше за самодоверба. Како што вели, убавината прво доаѓа од внатре", рекла таа.
„Убавината избледува, затоа бидете позитивни и самоуверени, бидете сигурни во вашиот морал и ставови. Тоа дефинитивно помогна да се обликува личноста во која израснав“, додаде таа тогаш.
Коби и неговата ќерка Џана, помладата сестра на Наталија, загинаа во 2020 година во хеликоптерска несреќа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата