Двојката застанала во локална продавница за да купи ситници, а Дејвид зграпчи грепка на Мега Бакс за да се забавува по пат.
„Седев на совозачкото седиште и го изгребав лозот. Одеднаш извикав: „Боже мој“. Жената го погледна напишаното и рече: „Тоа не е реално“, но беше“, објасни тој.
Се испоставило дека жителот на Ајова купил добитна грепка која му донела речиси 500.000 долари (околу 475.000 евра), пренесува UPI.com.
„Така станав главна ѕвезда на забавата, поголема од роденденското момче! Го освоив џекпотот и одеднаш сите ми станаа пријатели“, рече тој.
An Iowa man won half a million dollars thanks to a lucky scratch-off ticket. https://t.co/2y2y0EulI8 pic.twitter.com/RNN6ibIENY
— azfamily 3TV CBS 5 (@azfamily) December 10, 2024
Дејвид открива дека дел од парите ќе ги потроши за купување нов автомобил и патување со сопругата.
„Ќе видиме некоја оддалечена локација“, призна тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата