logo
logo
logo

Ја спуштиле камерата на 1.400 метри под морето, наеднаш се појавило огромно чудовиште (ВИДЕО)

Vecer | 11.12.2024

Ја спуштиле камерата на 1.400 метри под морето, наеднаш се појавило огромно чудовиште (ВИДЕО)

Членовите на експедицијата што го проучуваа ровот Тонга во Тихиот Океан биле решени да откријат што има на неговото дно, па ја спуштија камерата и внимателно следеа, пренесува LadBible.

Кога камерата била спуштена на длабочина од 1.400 метри, истражувачите очекувале да наидат на релативно недопрен свет, кој преживува во темнина.

На изненадување на сите, морничаво суштество се појави од никаде и истрча директно кон уредот, верувајќи дека станува збор за вкусен ручек. Така ималњ можност да ја видат внатрешноста на огромната уста и еден куп остри заби.

Докторката Џесика Колбус објаснила дека доживеале „блиска средба“ со ајкула од родот Somniosus pacificus, која достигнува должина и до 4,4 метри.

„Лесно заклучивме дека се работи за женско. Температурата на водата ја измеривме на 2,5 степени Целзиусови, што значи дека студената средина не ѝ пречи“, вели д-р Колбус.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @deepseauwa

Ајкулата брзо сфатила дека камерата не е вкусна, па се упатила кон рибите. Уредот не бил уништен и го зачувал извонредниот материјал снимен во темните длабочини.

Ајкулата се движела тивко, изгледала како импресивно суштество, а научниците велат дека се храни со риби и октоподи.

Сепак, нема многу храна на големите длабочини, па овој вид ја складира во своите пространи стомаци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk