Годишно го посетуваат повеќе од половина милион туристи, кои сакаат да уживаат во неверојатната глетка. Овој пат еден од нив се најде во центарот на медиумското внимание поради сосема друга причина.
Водичот останал запрепастен откако забележал турист како се качува по стрмна патека, во влечки!
Тој ја снимил неверојатната глетка и ја објавил на Фејсбук, каде што настанала жестока дебата, пренесува Focus.de.
Често се случува туристите кои сакаат уникатно селфи да немаат соодветна опрема, но овој човек ги поместил границите.
„Ништо веќе не ме изненадува. Безбедноста мора да биде на прво место, без разлика колку се спектакуларни фотографиите“, напишал тој.
Експертите, инаку, препорачуваат цврсти планинарски чизми за освојување на врвот на Кугшпице.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата