Како што пишува „Њујорк пост“, проблемот започнал кога еден патник забележал дека тече вода од тоалетот и ја известил стјуардесата. И покрај напорите на екипажот, водата не можела да се запре и продолжила да се шири кон предниот дел на леталото.
Снименото видео набрзо стана вирално и собра преку 7,2 милиони прегледи. Клипот, поставен на музика на „My Heart Will Go On“ на Селин Дион - познатата тема од филмот Титаник - ги прикажува патниците како реагираат на поплавите со мешавина од хумор и непријатност.
Нереалната природа на настанот предизвика бран на мрачен хумор. Едно лице напишало: „Замислете да се давите... во авион… на 30.000 стапки, Друго додаде: „Давете со 500 милји на час, на 10.000 метри. Се појави нова фобија“.
🇺🇲 #USA #US ✈️The aisle of an American Airlines plane was flooded with water after a lavatory began leaking, according to a passenger on board.
— 🛰️ Wars and news 🍉 (@EUFreeCitizen) December 14, 2024
Video shows passengers on the flight to Minneapolis from Dallas lifting their feet up and grabbing their belongings off the floor as… pic.twitter.com/Fv6fbdrWkP
Сепак, ова не е прв пат: на 7 август 2024 година, летот АА36 на Американ Ерлајнс од Далас до Мадрид беше пренасочен на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк поради преполнет тоалет. Федералната управа за авијација (FAA) потоа започна истрага за инцидентот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата