logo
logo
logo

Теоретичарите на заговор: - Дали Путин испратил двојник на состанокот со Трамп?

Vecer | 16.08.2025

Теоретичарите на заговор: - Дали Путин испратил двојник на состанокот со Трамп?

Теоретичарите на заговор се убедени дека Владимир Путин всушност не се сретнал со Доналд Трамп во Алјаска, туку дека рускиот претседател испратил двојник на средбата која ја очекуваше целиот свет.

Теоретичарите на заговор ги базираат своите претпоставки на изгледот и одењето на Путин, тврдејќи дека лицето кое слетало на Алјаска имало пополни јаболчници и изгледало посреќно од вистинскиот руски претседател Владимир Путин.

„Мислам дека ова е двојникот број 5 на Путин. Воопшто не личи на оргиналот. Образите му се позаоблени и не оди со вообичаените движења“, „Ова буквално не е вистинскиот Путин. Дури не испратија ни добар двојник“, „Секој што сè уште не верува дека ова е двојникот на Путин е идиот“, „Образите му се премногу дебели и се смее премногу. Изгледа како цело време да се обидува да го задржи смеењето“, „Премногу е жив. Вистинскиот Путин има посериозно лице, многу малку емоции“, напишаа корисниците на социјалните мрежи.

Инаку, шпекулациите дека Путин користи двојници не се нови. Всушност, постои цела страница на Википедија посветена на „наводните двојници на Владимир Путин“. Застапниците на оваа теорија веруваат дека двојниците на Путин биле подложени на операција за да личат што е можно повеќе на рускиот лидер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk