logo
logo
logo

Зачинот што сите го имаме дома не е само за колачи: МОЖЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СЕКСУАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Vecer | 14.12.2025

Зачинот што сите го имаме дома не е само за колачи: МОЖЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СЕКСУАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Циметот, еден од најчесто користените зачини во кујната, одамна е познат по своите здравствени придобивки. Но, нови истражувања покажуваат дека овој мирислив зачин може да има позитивно влијание и врз сексуалната енергија и либидото.

Природен афродизијак?

Според научни истражувања, циметот може да делува како благ афродизијак. Дури и неговиот мирис може да го подобри расположението и да ја зголеми желбата. Топлиот, сладок мирис поттикнува пријатни емоции и создава опуштена атмосфера.

Подобра циркулација – подобар сексуален живот

Активната состојка во циметот, цинaмалдехидот, ја подобрува циркулацијата и го поттикнува протокот на крвта. Ова е клучно за сексуалната возбуда – кај мажите може да придонесе за посилна ерекција, а кај жените за поголема чувствителност и природна лубрикација.

Помал ризик од сексуални проблеми

Циметот има противвоспалителни својства кои можат да помогнат во намалување на ризикот од сексуална дисфункција. Воспаленијата и хроничните здравствени проблеми често се поврзани со намалено либидо, па затоа здравиот начин на живот игра важна улога.

Помага и за хормонската рамнотежа

Кај жените со синдром на полицистични јајници, циметот може да помогне во регулирањето на хормоните и менструалниот циклус. Кај мажите, некои студии укажуваат дека може позитивно да влијае врз квалитетот на спермата.

Како да го користите циметот секој ден?

додајте го во кафе или чај

посипете го врз овесна каша или тост

измешајте го во смути или какао

користете го во десерти и печени јадења

Внимавајте на количината

Циметот е безбеден ако се користи умерено. Препорачана дневна количина е од 2 до 6 грама. Прекумерната употреба, особено во форма на додатоци, не се препорачува без консултација со лекар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk