Пјотр Герашик (56) и неговата ќерка Паулина Герашик (20) се обвинети за инцест и убиство на новороденчиња.
Секој ден сѐ повеќе и повеќе шокантни работи излегуваат на површина за куќата на ужасот во селото Черники, Полска. Соседите сега тврдат дека Пјотр го претепал и насилно го избркал својот син Дамјан од дома, кога тој наводно сакал да има односи со Паулина.
Додека полицијата продолжува да ги испрашува таткото и ќерката откако ги пронашла телата на трите бебиња во поодмината фаза на распаѓање во подрумот на семејната куќа, соседите опишуваат дека го виделе Дамјан како седи сам и со часови плаче на автобуска станица или на улица.
„Се случуваше со часови да биде на улица, никој да не го бара. Сакав да му помогнам, но се плашев татко му да не дознае и да влезам во неволја“, раскажува сосед.
Друг сосед вели дека Дамјан му рекол дека татко му го тепа, го нарекува со погрдни имиња, пцуе и го избркал од дома.
Наводно рекол и дека татко му го бркал од дома кога сакал да има односи со ќерка му.
„Пјотр никогаш никаде не работел, планирал да го онеспособи синот и да добива инвалидска пензија, тоа му беше планот и страшно е ова што го кажувам, но тој му требаше само за тоа, затоа го чуваше дома“, рече за Факт, Маријан Пик, градоначалник на општина Стара Кишева, објави Дејли Меил .
Таткото и ќерката се соочуваат со доживотен затвор, додека полицијата продолжува да го истражува случајот кој ја шокира целата нација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата