logo
logo
logo

НЕОБИЧНО ОТКРИТИЕ ВО ЈАДРАНСКОТО МОРЕ, НАУЧНИЦИТЕ ЗБУНЕТИ: „Ваква глетка никогаш досега не сме виделе“

Vecer | 18.12.2025

НЕОБИЧНО ОТКРИТИЕ ВО ЈАДРАНСКОТО МОРЕ, НАУЧНИЦИТЕ ЗБУНЕТИ: „Ваква глетка никогаш досега не сме виделе“

Да се види толку голем број на таканаречени виолетови морски ежови (Sphaerechinus granularis) на простор кој не е идеален за нив е прилично необично, се наведува.

Особено затоа што на карпестото морско дно најчесто се среќава видот Paracentrotus lividus, а сега во околината на Трст ги имало само неколку.

Ваква глетка истражувачите, во тој дел од Јадранското Море, никогаш претходно не ја виделе, пренесува Morski.hr.

Миграции во текот на животот

„Некои истражувања покажаа дека овој вид морски ежови во одреден период од својот живот мигрира, поттикнат од промена во начинот на исхрана. Имено, додека младите единки главно се хранат речиси исклучиво со варовнички алги, кои ги наоѓаат на песочното дно, како што стареат, мигрираат кон карпите, каде што наоѓаат изобилство од храна меѓу макроалгите, фрагментите од морски растенија и варовничките алги“, објаснуваат стручњаците.

Големиот број морски ежови на едно место би можел да се објасни и со достапноста на кафени алги, кои на возрасните единки им овозможуваат да ја збогатат растителната исхрана.

Јасно е дека необичните суштества се собрале на едно место со добра причина, а таа најверојатно е поврзана со храната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk