logo
logo
logo

Спуштиле камера на 3.800 метри во океанот- снимиле суштество од кое им запрел здивот (ВИДЕО)

Vecer | 15.08.2025

Спуштиле камера на 3.800 метри во океанот- снимиле суштество од кое им запрел здивот (ВИДЕО)

Тие го истражувале подводниот кањон на Мар дел Плата, користејќи подморница со далечинско управување, кога го снимиле розовото суштество со перки во облик на уши - кои личеле на палавото слонче Дамбо!

Необичен октопод

Експедицијата ја водеше Американскиот институт Шмит Океан, во соработка со Аргентинскиот национален институт за истражување и развој на рибарството.

Во еден момент, камерата го снимила октоподот Дамбо (Grimpoteuthis), именуван по ликот на Дизни, кој живее во екстремни длабочини во океанот, каде што има огромен притисок и ниски температури.

Дамбо користи перки

За разлика од повеќето октоподи, овој вид користи перки, лоцирани над очите, за движење, објавува Мирор.

Ова му помага да заштеди енергија во длабоката морска средина. Октоподот Дамбо се храни со ракови, школки и црви, а неговиот просечен животен век е од три до пет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk