logo
logo
logo

Со овие 5 знаци секогаш мора да бидете внимателни

Vecer | 13.04.2021

Со овие 5 знаци секогаш мора да бидете внимателни

И додека има некои луѓе кои би ставиле за вас рака во оган во која било ситуација и кои безброј пати ја докажале својата лојалност кон вас, има и такви на кои не треба да им се верува – затоа што тие ќе ви „забијат нож во грб“ во првата можност. Без разлика дали го прават тоа од чиста корист, злонамерно или од навика, астролозите велат дека постојат пет хороскопски знаци со кои треба секогаш да се биде внимателен.

ОВЕН – најголемиот забивач на нож во грбот

Овенот тврди дека е верен хороскопски знак, но нивните постапки понекогаш се многу сомнителни. Изгледаат доволно пријателски расположени, но нема да се двоумат да покажат непријателски став кога ќе видат можност да напредуваат или да ги постигнат своите цели, дури и ако тоа значи предавство на нивните најдобри пријатели.

БЛИЗНАЦИ – не се олицетворение на лојалност

Личноста на Близнаците е дефинитивно она на што секој треба да внимава. Овие луѓе се одлични актери и тие се однесуваат како вашиот најдобар пријател една недела без никаков проблем, а следната недела ви го вртат грбот.

ЛАВ – потполен опортунист

Не дека Лавовите се злобни, но тие се всушност многу нестабилни и лесно ги менуваат своите ставови. Личноста на Лав е одлучна и сака да се искачи на врвот, поради што кога некоја добра работа ќе им се појави на патот, тие нема да се воздржат да ги отфрлат пријателите.

СКОРПИЈА – бездушно ги елиминира „заканите“

Со таква непредвидлива и мистериозна личност, тешко е да се предвиди што Скорпијата би можела да стори, а кога е во прашање пријателството, не сметајте на нивната лојалност. Скорпијата е премногу амбициозна за да ги стави на прво место пријателствата и туѓите чувства.

РИБИ – лажни пријатели

Риби е оној пријател кој ќе ви забоде нож во грбот додека ви се насмевнува. Рибите се едни од најповршните и најплитки хороскопски знаци, што објаснува зошто се преправаат дека се добри пријатели, иако во реалноста тие бараат начини да ве скршат и со тоа да се издигнат, пишува МСН.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk