logo
logo
logo

Грчкиот принц и принцезата се разведуваат по 14 години брак

Vecer | 22.04.2024

Грчкиот принц и принцезата се разведуваат по 14 години брак

Веста за разводот ја објавија на официјалната веб-страница на поранешното кралско семејство (во Грција монархијата беше укината во 1973 година, но членовите на семејството ги задржаа титулите).

„Би сакале да ве информираме за важната одлука донесена од принцот Николаос и принцезата Татјана. По четиринаесет години брак, тие одлучија да го распуштат својот сојуз со заедничка согласност. Оваа одлука беше донесена многу промислено и со взаемно почитување. Тие се засекогаш благодарни еден на друг за моментите што ги споделија. “

Принцот Николаос е трето дете на последниот грчки крал Константин II, кој бил близок пријател на кралот Чарлс. Последниот грчки монарх починал во јануари 2023 година на 82-годишна возраст, откако претрпел мозочен удар. Татјана Блатник, родена во Венецуела, се омажила за Николаос во 2010 година.

"Не се чувствувам како принцеза. Не се чувствувам како да сум се омажила за принц, со титула. Па, всушност, да, тој е мојот принц, но ништо повеќе", рекла таа еднаш по венчавката. Нејзиниот татко Ладислав Блатник се преселил во Венецуела од Кралството Југославија, а извесно време бил во врска со актерката Натали Вуд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk