Таа тврди дека првпат го видела мистериозното животно во понеделникот, на скалите од нејзиниот дом во градот Пуебло, но никој не и верувал додека не го снимила повторно во саботата навечер.
„Добив паничен напад и побегнав“
"Бев преплашена. Првиот пат кога се појави беше попладне. Не ме бркаше, се сврте и ме погледна. Се напнав и втрчав во куќата", рекла Лин.
Таа додава дека на сите им кажала за необичното животно, но луѓето не ѝ верувале, пренесува Daily Mail.
"Во саботата вечерта, околу 20:30 часот, таа повторно се појави. Излегов надвор да ја избркам, се грижев за уличните мачки кои висат наоколу. Тогаш сфатив дека ја јаде храната што им ја оставив. Цело време ме гледаше и не се плашеше", рекла таа.
Нејзиното видео стана вирално и сега луѓето се обидуваат да го идентификуваат суштеството. Некои се убедени дека се работи за „чупакабра“ (митско суштество од американскиот фолклор), додека други веруваат дека Лин снимила ракун, јазовец или мала мечка.
„Можеби е болен ракун“
„Никој не може да каже што сум снимила. Има лице на стаорец, мали очи, долг, зашилен нос, густо кафено крзно го покрива целото тело“, објасни таа.
Локалните медиуми контактираа со експерти за диви животни кои рекоа дека не можат да бидат 100% сигурни во идентитетот на суштеството.
„Фактот што ги користи предните шепи покажува дека можеби е ракун, но болен“, велат тие.
Случајот во Колорадо останува мистерија, бидејќи нема дефинитивен одговор за тоа што жената снимила пред нејзиниот дом.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата